Локалниот пат кој ги поврзува Гази Баба и Илинден денеска започна да се реконструира

Локалниот пат кој ги поврзува општините Гази Баба и Илинден денеска започна да се реконструира, пренесува Слободен печат

Како што информираше градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, реконструкцијата ќе опфати проширување на коловозот, за уште една лента, а ќе биде изградена и пешачка патека во должина од 2 километра, односно до влезот во општина Илинден.

Дополнително, за поголема безбедност на возачите и пешаците ќе биде поставено и ново улично осветлување до новата населба Хиподром 2.

Доколку работните активности се изведуваат според планираната динамика, проширувањето на патот ќе заврши за 30 дена.

Проектот е финансиски поддржан од Центарот за развој на скопски плански регион, и општините Гази Баба и Илинден.