Локални избори: Кој каде победи во првиот круг?

Доцна синоќа лидерите на двете најголеми политички партии на македонската политичка сцена прогласија победа на вчера одржаните локални избори. 

Додека се чекаат официјалните и конечни резултати од Државната изборна комисија, и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прогласија победа во голем број општини во првиот круг, но и водство за вториот круг онаму каде ќе се одржи по две седмици. 

-СДСМ и коалицијата победуваат во прв круг или имаат сериозно водство пред ВМРО-ДПМНЕ во повеќе од 30 општини и секако во Град Скопје, изјави вчера на прес-конференција премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев доцна по полноќ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави победа во битката за градоначалници во повеќе од 20 општини и во трките за советници во најмалку 50 општини во првиот круг. 

Според неофицијалните партиски пребројувања, ВМРО-ДПМНЕ извојувала победа во следниве скопски општини: 

Аеродром (Тимчо Муцунски), Илинден (Александар Георгиевски), Сопиште (Стевче Трпков), Петровец (Борче Митевски), Бутел Дарко Костовски, Гази Баба (Бобан Стефковски).

Според податоците од  СДСМ, тие победуваат во Карпош, Центар, Шуто Оризари, Арачиново...

За Град Скопје, разликата е тесна, па се претпоставува дека вториот круг ќе биде одлучувачи дали Шилегов или Арсовска ќе биде нов градоначалник. 

На изборите вчера гласаа вкупно 848.104 избирачи.