Големиот пожар кој избувна вчера попладне на планината Беласица на тешко достапен терен, веднаш над селото Смоларе, е локализиран и е ставен под контрола, информираа од ТППЕ Струмица.
Според командирот Александар Гудев, била зафатена високостеблеста шума на поголема површина, а во гаснењето на пожарот покрај пожарникари учествувале и тимови на „Македонски шуми“.
„Пожарот е локализиран и ставен под контрола и во текот на денешниот ден ќе се направат напори за негово целосно ликвидирање“, изјави Гудев.
Според него засега догорува лисна маса, а во текот на измината ноќ екипа на ТППЕ Струмица составена од седум пожарникари и две против пожарни возила го гаснела пожарот и не дозволила негово проширување.