Локацијата спроти ГТЦ повторно ќе биде паркинг

Локацијата спроти Холидеј ин од наредната недела ќе се врати во првобитната функција – паркинг простор. Досега таму се паркираше кој каде ќе стигне, но од наредната недела, паркингот ќе се наплаќа. 

Со паркингот ќе стопанисува фирмата МГ Фешн на бизнисменот Зоран Антиќ кој за ТВ 24 вели дека целта е да го регулира сообраќајниот паркинг на оваа атрактивна локација. Дозволата за управување и стпанисување на паркингот ја добил од Советот на Град Скопје за период од 10 години.

Наплаќањето ќе започне следната недела – со цени како и претходните, со цел да се спречи хаосот ос самоволието на граѓаните кои паркираат каде ќе најдат. 

Ова не е конечно решение за локацијата. Ќе се гради во оној момент кога се добие дозволата и кога ќе се тргне мораториумот под кој се наоѓа и оваа локација.