Љутков: Ќе ја разгледаме можноста недела да биде работен ден за чаршијата, ќе се решава проблемот со паркингот

Министерот за култура Зоран Љутков фомираше работна група во Висар Ганиу, градоначалникот на Чаир, Весела Честоева, в.д директорка на Управата за заштита на културно наследство, Борче Топуковски, в.д. директорот на Музејот на Македонија, Марија С.Ѓоргова, државниот секретар на министерство за култура и туризам, Давча Спасова, советничка во Сектор за заштита на културно наследство и Нехмедин Буши од Занаетчиската комора на Скопје, се со цел решавање на проблемите со кој се соочува Старата скопска чаршија.

„Сите заедно дискутиравме и баравме начини за изнаоѓање решенија за надминување на предизвиците. Ги разгледавме можностите како да се овозможи полесен пристап за сите посетители на Чаршијата како и долгорочно да го решиме проблемот со паркинг-просторот, за да се создадат услови овој споменик на културата да биде достапен за сите. На барање на занаетчиите и на сопствениците на дуќани во Чаршијата, а во интерес на посетителите, работната група ќе ја разгледа можноста недела да биде работен ден за Чаршијата имајќи предвид дека тоа може да значи придонес во развојот на локалната економија“, напиша министерот.