Љубовта понекогаш не е доволна: Кога е време да кажете збогум?

Како човек може да знае дека е време да се откаже од саканата личност и притоа да не погреши во донесувањето одлука? Колку шанси треба да дадеме некому откако ќе одлучиме да му кажеме збогум?

Кога и чувствата ќе се приклучат во играта, се станува многу поубаво, но и многу потешко. Да претпоставиме дека приказната започнала вака: Сте запознале личност која многу ви се допаднала уште на прв поглед, а и остнатите знаци како пеперутките, слабоста во колената покажуваат дека можеби конечно сте ја пронашле својата сродна душа. Комуникацијата е одлична, разговорите траат со часови, а бакнежите уште подолго, сексот е феноменален.

Сте пронашле личност на која можете да и верувате, со јасна визија за иднината и едноставно тоа е личност со која сакате заедно да го поминете остатокот од вашиот живот.

Колку и да изгледало се тоа како да е од бајка, како што поминуваат деновите, неделите и месеците, започнувате да забележувате мали црвени знамиња кои ве предупредуваат дека треба да ги симнете розовите очила. Иако умот предупредува, срцето упорно игнорира и ги враќа розевите очила на очите. Меѓутоа, со време почнувате да се чувствувате запоставено и чудно и мислите дека само вие се трудите.

Некогашната заљубена насмевка исчезнува, а искрата во очите згаснала и сега се гледате себеси во огледало и си велите: „Јас заслужувам некој кој ќе ме сака и личност која ќе биде горда што е со мене.“

Вие не сакате да бидете само гостин во нечиј живот, туку сакате да имате главна улога. Не сакате да бидете нечија тајна, туку горда вистина. Зошто да се задоволувате со трошки, ако веќе давате се од себе. Без оглед на тоа што храбро сте одлучиле дека не треба да бидете во врска која не ве исполнува во целост, чувствата, сеќавањата и надежта ви го блокираат патот.

„Што ако се промени?“, „Што ако прерано се откажувам?“, „Дали да почекам уште малку?“

Иако умот добро знае што треба да направите, срцето и понатаму се бори за љубов и поставува безброј прашања.

Дали треба само вие да се борите за таква љубов? Дали само вас треба да ве мачат овие прашања? Одговорот е НЕ.

Ослободете се од таквата љубов... Ако некој сака да бидете дел од неговиот живот, ќе направи место за вас. Доколку некој се грижи за вас нема да дозволи да се чувствувате како странец. Животот е премногу краток за да се троши на погрешни луѓе и пропаднати обиди.

Ќе знаете дека вашата врска е готова во оној момент кога само сеќавањата од минатото ќе ви предизвикуваат насмевка. Не си дозволувајте ниту еден момент на тага, дилема, сомнеж... Единствено што можете е на културен и човечки начин да се заблагодарите за убавите моменти, но дека заслужувате подобро.

Една стара изрека вели: „Ако сакаш место во мојот живот, вратата ти е отворена, но немој да стоиш на влезот и да ми го блокирш погледот ако не сакаш да влезеш внатре.“

Заклучок: Правото време да ја завршите врската е во оној момент кога ќе сфатите дека од заљубената и среќна личност сте се претвориле во тажна и сомничава сенка без самодоверба. Запаметете дека животот е премногу краток за да се троши на погрешни луѓе и половични љубови.