Љубовта почнува на улицата на среќата...

Една песна вели: „Љубовта почнува на улицата на среќата...“

А каде се наоѓа таа улица?

Каде се наоѓа таа улица која многумина ја бараат, некои никогаш не ја наоѓаат, додека пак трети мислат дека ја пронашле, а потоа се губат во слепи сокачиња?

Можеби тоа е така затоа што среќата не се наоѓа во дестинацијата, туку во чекорот – чекорот на сегашниот момент.

И затоа, најверојатно, подобро е да не ја бараме улицата која сме ја добиле по препорака, туку да уживаме во начинот на кој чекориме до посакуваната дестинација.

И на тој начин, улицата на среќата секогаш ќе биде под нашите нозе.

Даниела Кордиќ