Љубовта од мојот дедо е најтоплата љубов која живее во моето срце

Денот кога почина, се почувствував како парче да беше искинато од мојата душа. Како да се отвори некоја рана, која веќе никогаш нема да зарасне.

Ти беше најпрекрасната личност која ја знаев. Силен, чесен и со срце полно љубов, но и столб на нашата фамилија. Твојата љубов за мене и нашето семејство беше толку огромна.

Ти беше толку дарежлив и даваше без очекувања. Ни го даваше своето време и тогаш кога ние не успевавме да најдеме време за тебе. Ни даваше интерес за сите нешта кои се случуваат во нашите животи, иако тешко наоѓавме време за да слушавме за тебе. Ти ни покажа да веруваме во себе, дека можеме да го освоиме светот ако посакаме.

Ти беше силен. Не дозволуваше семејните несогласувања да те разнишаат, ниту пак да му нанесат штета на нашето семејство. Ти никогаш не се откажуваше, во сите тешки моменти ни кажуваше дека доаѓа сонце после облаците.

Јас секогаш можев да сметам на тебе. Ти ги исполнуваше сите ветување. Дури и тогаш кога беше уморен, тогаш кога не се чувствуваше најдобро, ти секогаш беше тука за мене. Ме сакаше без очекувања, ме сакаше од денот кога се родив, до последниот ден од твојот живот.