Љубовта не можеш да ја бараш, таа ќе те пронајде кога најмалку очекуваш...

Ако сте барале љубов, а не сте ја пронашле, ова е за вас. Ако сте ги изгубиле сите љубовни битки, ова е за вас. Ако сте ја изгубиле секоја надеж, ако се чувствувате осамено и ако срцето ви е скршено, ова е за вас. 

Љубовта го шепоти вашето име, таа копнее за вас. Таа знае колку вредите и само е прашање на време кога ќе ви тропне на врата. Престанете да ја барате љубовта, затоа што не функционира така. Таа ќе го најде патот до вас кога ќе дојде времето за тоа. Не се обвинувајте себеси. Немојте да мислите дека правите нешто погрешно, дека не заслужувате љубов, не мислете дека не се трудите доволно, затоа што на љубовта не ѝ е потребна вашата помош за да најдете.

Таа го знае својот пат до вас и знае кога е вистинското време да ве пронајде. Еден ден ќе ви застане на пат и ќе го промени вашиот живот од корен. Само морате да почнете да верувате дека не пропуштате ништо. Морате да го излечите вашето скршено срце, да го направите вашиот живот вреден и да се борите за она што го сакате.

Прво морате да го сакате својот живот и себеси, не за да бидете подготвени за љубов, туку доволно да се сакате себеси за да знаете дека нема да зависите од туѓата љубов и нема да направите некој друг да биде смислата и центарот на вашиот живот. А тогаш кога љубовта ќе дојде, таа нема да биде тука за да ве спаси затоа што нема да ви биде потребно спасување. 

Но, ќе биде тука, затоа што сте станале најдобрата личност, прво за себе, а потоа и за некој друг кој ќе ви ја даде таа љубов. Кога љубовта ќе ве пронајде, вие ќе го знаете тоа затоа што таа средба која толку сте ја посакувале и чекале нема да ве одмине туку-така. Тоа ќе биде средба која ќе го одбележи вашиот живот.