Љубовта на твојот живот доаѓа после грешката на твојот живот!

„Можеби нашите грешки ја прават нашата судбина.“ – Кери Бредшо

Можеби прво треба да се скршиме за да станеме цели.

Болната љубов е најлошиот тип на скршено срце. Тоа е онаа љубов во која сме полагале многу надеж, онаа за која сме ризикувале се – само за да сфатиме дека тоа бил облог кој никогаш не можел да се добие.

Па така се кршиме на милион мали парчиња и се чудиме како е возможно толку многу да згрешиме.

Правиме грешки во љубовта.

Бираме луѓе на основа на лекциите кои им се потребни на нашите души, без да сфатиме дека обично оние најтешки лекции се оние кои највеќе ни се потребни.

Не можеме лесно да се промениме и не смееме да дозволиме нашите умови да се скршат од целиот тој хаос – тоа може да се случи само кога сме оставени сами на себе, носејќи ги своите каења на рамена.

Колку и да сме посакувале оваа љубов да биде повеќе од тоа што е, тоа нема да ја промени реалноста дека единствената причина поради која оваа љубов ни била потребна е за да ни ги скрши срцата.

Работата е во тоа што секому е потребна онаа голема грешка која ќе не поттурне кон љубовта на нашиот живот.

Најчесто најголемата грешка е врската од која сме требале да си заминеме уште од првата минута кога започнала или многу порано отколку сме го направиле тоа.

Но, не сме го направиле тоа и тоа не е затоа што таа љубов била судена, туку затоа што без неа можеби никогаш не би сфатиле што е љубов.

Нашата грешка треба да заврши горчливо и катастрофално. Нејзината е цел да не направи посилни и да не предизвика нас како личности и да не натера да ги преиспитаме нашите верувања за љубовта.

Затоа што љубовта на нашиот живот чека некаде и кога ќе ги запознаеме, нема да се прашуваме зошто мораше да ни се скршат срцата.

Нема да има битки за добивање или квалитети за менување. Нема да има неисполнети потреби, ниту драма на секој чекор. Во реалноста, оваа љубов ќе ни покаже зошто останатите не успеале.

Затоа што сите тие не воделе кон личноста која е создадена само за нас, која можеби не е совршена, но е таман за нас.

Љубовта на нашиот живот нема да изгледа како ништо што претходно сме искусиле. Поради неа ние ќе бараме мир, наместо бура.

Ќе си дозволиме да помине преку површното и да ја цениме енергијата која оваа личност ја носи во нашите животи, откривајќи нови длабочини на односот кој го искусуваме.

Само голема љубов може да не вивне во височините.

И тоа е финтата со љубовта на нашиот живот – можеби нема да биде личноста којашто сме мислеле дека ќе биде и можеби ќе има пречки, но постои нешто коешто прави да сакаме да биде подобра.

Тоа е љубов која не инспирира и која ни покажува дека можеби не сме уплашени како што сме мислеле и дека не сме зезнале толку лошо како што сме мислеле.

Затоа што конечно сфаќаме дека нашата „голема грешка“ во суштина била ѕвезда Деница која не водела кон љубовта на нашиот живот.

„Понекогаш лошите работи кои ни се случуваат не ставаат директно на патот кон најдобрите работи кои некогаш ќе ни се случат.“