Љубовта меѓу најдобрите пријатели е најдобрата љубов на светот

Љубовта меѓу најдобрите пријатели може да се забележи веднаш, со искрата во нивните очи. Постојаното смеење, скриените анегдоти и тајни и познавањето дека истите мисли минуваат низ глава меѓу пријателите, во истиот момент.

Љубовта меѓу пријателите ги менува своите бои како годишните времиња, носи многу многу работи :  од слатка љубов, до лутење поради грдата слика на Фејсбук до долгите ноќи  со глупави разговори.

Многу е полесна љубовта меѓу пријателите  - не постојат очекувања, оваа љубов не бара да се дотеруваш и да внимаваш претерано и не те тера да нарачаш салата кога тоа што го сакаш всушност е бургер. Оваа љубов не бара претерано анализирање на секоја порака, долго чекање на пораките или болни одлуки.

Можете да бидете свои и да бидете обожавани милион пати на најдобриот можен начин. Таа љубов се поврзува со заедничките песни, заедничките обожавани места, истите вредности. Таа не усилена и едноставно се случува за нештата кои ги обожавате заедно, а тие се многу. Оваа љубов не е полна со грижи, таа е лесна како пердув и толку спокојна и мирна.

Можете да бидете брутално искрени едни кон други, да им ги кажете работите кои ги мислите, да не се плашите како ќе бидете сфатени и да не се преправате дека сте добро тогаш кога не сте. Можете да се борите со нив, но тие секогаш ќе бидат тука. Можете да се оладите малку и да не комуницирате, но повторно да се вратите и сите нешта да бидат исти. Можете да признаете дека сте згрешиле и да се извините и да бидете прифатени со прегратка, без префрлања.

Можете да ги преживеете сите бури, сигте растојанија, сите кавги и лоши денови. Тие се вашата личност која секогаш ќе ве охрабрува, ќе ве подига кога не можете самите да го направите тоа и ќе ви покаже дека е секогаш тука за вас.

Љубовта кон најдобриот пријател е како вљубување во самите себеси.