Љубовта има своја граница: Нејзиното име е достоинство

Никогаш не дозволувајте да го изгубите достоинството! За никого! 

Љубовта секогаш ќе има граница, а тоа е достоинството, затоа што почитувањето кое го имаме кон себе има многу висока цена и никогаш нема да прифати љубов која нѐ исполнува, која нѐ боли и која нѐ прави ранливи. 

Понекогаш не постои друго решение освен да заборавиме што чувствуваме за да се присетиме што заслужуваме, затоа што достоинството е нешто што не смееме да го изгубиме. За љубов никогаш не треба да молите и по ниту една цена не смеете да си го изгубите достоинството. 

Без оглед на тоа дали веруваме во тоа или не, достоинството е таа кревка, нежна линија, која толку често ја преминуваме и без да забележиме. Љубовта и достоинството се две струи во немирниот океан во кој и најискусниот морнар може да го изгуби својот пат.

Гордоста и достоинството на љубовта кон себе

Често се вели дека егото ја храни нашата гордост  и духот на нашето достоинство. Во секој случај, двете психолошки димензии се секојдневни станари во нашите емоционални односи и понекогаш се мешаат. Гордоста е непријателот кој добро го познаваме и кој често се поврзува со љубовта кон самите себе. Сепак тоа оди и чекор понатаму, затоа што гордоста е архитектот кој е специјализиран за создавање ѕидови и бодликави жици околу нашето срце и во нашите врски. Но, длабоко под сите овие деструктивни акции се крие ниското ниво на самодоверба. 

А достоинството е нешто сосема друго, сосема спротивно на гордоста. Достоинството го слуша нашиот внатрешен глас и тоа во секое време и достоинството ја поддржува самопочитта, но никогаш не заборава на почитта кон другите луѓе. Концептот на љубов кон самите себе тука ја добива целосната смисла, затоа што се храниме со тоа за да заштитиме себеси, а не за да ги повредиме другите. 

Достоинството има многу висока цена

Достоинството ниту се продава, ниту се губи, затоа што поразот во вистинско време секогаш ќе вреди повеќе од најголемата победа, особено ако во процесот сме излегле од таа битка со високо крената глава и со здраво срце. Мачењето и страдањето не влегуваат во дефиницијата за здрава и достоинствена љубов. 

Љубовта треба секој ден да се чувствува, допира и создава

Ако не е така, тогаш таа нема никаква цел. Не може само да седиме и да чекаме да се случи некое чудо, само по себе. 

Љубовта никогаш не смее да биде слепа

Без оглед на тоа колку често се брани оваа идеја, потребно е да запомните дека секогаш е подобро да се заљубиме со очи широко отворени, со блескаво срце и силно достоинство. Дури тогаш ќе бидеме вистински креатори на тие достоинствени врски кои вредат, со фокус на почитувањето и создавањето здрави ситуации без игри на моќ или нерационални жртви. Достоинството е и секогаш ќе биде признание дека заслужуваме подобри работи. Секогаш ќе биде подобро да имате достоинствена самотија, отколку со живот полн со несреќни врски. Не дозволувајте да го изгубите достоинството за никого на овој свет.