Љубовните писма на Кочо Рацин до Раца првпат на изложба во НУБ

„Ноќна романса за Кочо Рацин“ организира вечер НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје, со што ќе одбележи 110 години од раѓањето на Кочо Рацин и 75 години од неговата трагична смрт.

– Љубителите на поезијата на Рацин, особено на љубовната поезија, ќе имаат исклучителна можност да ги видат сите зачувани картички кои Рацин ги испраќал до Раца и други девојки искажувајќи ја својата младешка љубов, како и да слушнат дел од стиховите во изведба на актерот Дамјан Цветановски, соопшти Националната и универзитетска библиотека.

На платото пред НУБ од 20 часот ќе има и музички перформанс на Васко Атанасоски (Бернајс пропаганда) и проекција на документарниот филм „Бели мугри“.