Љубовна приказна на пар од Скопје: Се почна на овој ден пред многу години, и љубовна врска и венчавка

Сандра и Филип се од Кисела Вода. Тие ни ја раскажаа својата љубовна приказна, која ја поврзуваат со овие два големи празници Трифун и Валентин.

Нивната врска започнала пред 10 години, токму на овој ден. Два дена пред тоа се запознале, па не се мислеле многу, туку веднаш на 14 февруари ја официјализирале својата врска.

-Искрено не мислев дека работата ќе стане толку озбилна. Мислам дека се вљубивме еден во друг уште на прв поглед. Се видовме само еднаш, односно на 12 февруари. Во тие два дена се слушнавме некои 4,5 пати на телефон, и веќе на 14 излеговме на вечера. Да прославиме за љубовта и за виното, за двата празника. Тогаш решивме да влеземе во љубовна врска. Точно се сеќавам како да беше вчера. Тој ресторан, таа маса. Се сеќавам дури и во што бевме облечени и што јадевме и зборувавме. Се смеевме цела вечер. Се изгледаше како да се знаеме многу време, а тоа всушност беше нашето прво видување, раскажува Сандра.

Таа вели дека и ден денеска одат во тој ресторан, се сеќаваат на нивната прва средба, на почетокот на нивната љубов.

После три години врска, на таа иста маса, во тој ист ресторан, токму на овој ден Филип ја побарал Сандра за жена.

-Не ни претпоставував дека тоа ќе се случи. Излеговме таму, повторно да ги прославиме овие два празника, како и секоја претходна година. И наеднаш келнерот ми донесе букет со рози и секако прстен. Филип стана и клекна пред мене. Солзи радосниците. Бев пресреќна. Уште еден почеток токму на тоа место и на тој ден.

И можете да претпоставите што понатаму. Тие и се венчале после една година токму на овој ден.

Денеска слават годишнина и од љубовната врска и од запросувањето и од венчавката.

Посебен е овој ден за многу вљубени, но особено за овој пар.