Љубовна драма во Општина Карпош, вмешаните добиле отказ

Во просториите на Општина Карпош вчера се случувала вистинска драма поради љубовен триаголник, која завршила со обиди за физичка пресметка и напад со остар предмет. 

Денеска градоначалникот Богоев соопшти дека не се работи за советници од Советот на Општина Карпош. Вработените веднаш добиле отказ поради своето однесување. 

-На 26.07.2021 во 11,30 часот било пријавено дека по претходна расправија С.А.(34) со остар предмет му нанел повреда на В.К.(37) двајцата од Скопје. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот - соопштија вчера од МВР.

Градоначалникот Стефан Богоев, за Фокус изјави:

-Станува збор за лица времено вработени во општинската администрација, не се советници. Вработената е во одделение за поддршка на Советот, па можеби затоа некој помислил дека се работи за советници од општината – раскажува градоначалникот.

Додава дека и на двајцата вработени, вклучени во настанот, веднаш им се прекинати договорите.