Љубовен хороскоп за октомври

Дали ѕвездите ви се наклонети во текот на овој есенски месец? Прочитајте.

Овен

Во текот на овој месец ќе имате многу шанси за романтично партнерство, а можностите за засновање брак и семејство се огромни. Тоа значи дека  треба да обрнете сметка дали го сакате тоа или не. Вашата привлечност ќе биде особено силна во текот на овој месец и ќе бидете како магнет за спротивниот пол. Доколку не сте во врска, очекувајте многу симпатии и додворувачи. Ако сте во врска, ова е месец на хармонија со големи шанси за посериозна врска или венчавка.

Бик

Биковите ги очекуваат конфликти во брачниот и семејниот живот. Тоа нека биде прилика да решите некои проблеми кои досега постоеле. Сите облици на љубовта можат да бидат комплицирани за Биковите во текот на октомври, особено оние кои се во врска. Може да дојде до „пукање“ на врската, а шансите за непланирана бременост се поголеми. Ако не сте во врска, големи се шансите да сретнете личност за да остварите сериозна врска, која брзо може да доведе до брак.

Близнаци

Во октомври,  љубовта за Близнаците треба да биде страствена,а партнерствата ќе бидат во развој. За осамените Близнаци, можноста за нова љубов е огромна особено во последната недела на октомври, а поврзаноста ќе ја остварите со личност која ќе ви даде поддршка и ќе ви помогне да решите некои проблеми.

Рак

Помрачувањето на Сонцето ќе влијае поволно на семејните врски на Раковите. Сепак, нестабилности ќе бидат очигледни и во брачните и сериозни врски. Ако не сте во врска, имате можност  за нова љубовна врска. Раковите ги очекува  многу непотребен стрес поради нестабилните емоции.

Лав

Во октомври, Лавовите ги очекуваат многу нови можности за врска, но сепак за вистинска љубов, ќе треба да се почека некој поволен период. Оние кои се заинтересирани за вас ќе ги најдете на работа или во професионалната околина. Погледнете околу себе.

Девица

Љубовта е особено чудна за Девиците во текот на октомври. Сериозните врски и бракови би можеле да влезат во напорен период, но некои односи ќе завршат со одалечување и раскинување – ова важи и за пријателските односи. Планетарната ситуација е различна за оние кои не се во врска. Засилениот општествен живот би можел да резултира со интересни личности, во текот на последните недели на октомври.

Вага

Венера во октомври ќе влијае позитивно и ќе бидете многу отворени кон потребите на партнерот. Бидејќи љубовта е есенцијална животна потреба, октомври носи многу убави моменти на ова поле. Слабите врски ќе се соочат со проблеми. Можни се разводи, раскинувања и непланирани бремености. Осамените Ваги ќе најдат интересна личност во работното окружување.

Скорпија

Вашата привлечност и магнетизам ќе се зголемат под влијание на планетите и ќе го привлечете спротивниот пол со својот изглед, шарм и магнетизам. За оние во брак и сериозна врска, ова е време за суштински разговори на важни теми.

Стрелец

Октомври е нестабилен месец за љубовниот живот на Стрелците. Може да се случи да биде потребна психолошка и материјална помош од партнерот и ќе ви треба многу храброст да го побарате тоа од