Љубовен хороскоп за декември 2021

Месечниот љубовен хороскоп за декември предвидува пријатно празнично расположение, но одредени знаци ќе ја сретнат и својата сродна душа.

Овен

За овој хороскопски знак, декември носи нови познанства, пријатели и можности да сретнат нова љубов. Осамените Овни ќе сретнат интересна личност која може да стане нивниот животен сопатник, само ако и дадат шанса. Дали обичната комуникација ќе се претвори во љубовна бајка, зависи од вас. Овните кои се во врска или брак, овој период ќе заборават на конфликтите и ќе се препуштат на хармонични односи со своите сакани. Финансиските проблеми ќе бидат во втор план за време на новогодишните празници.

Бик

Положбата на планетите ве предупредува да ги очекувате промените кои доаѓаат. Вие сте знак кој не ги сака промените, но овој период ви носи судбоносно познанство со интересна личност. Биковите кои се во врска или брак ќе бидат фокусирани на врската и ќе успеат да ја подигнат на повисоко ниво, но само ако наидат на соработка од страна на саканата личност.

Близнаци

За родените во овој знак, првиот дел од месецот нема да биде многу поволен, но вториот дел од декември носи повеќе блискост и нежност. Некои врски ќе се насочат кон основање на семејство и заеднички живот. 

Рак

Според астролошките прогнози, декември е идеален месец за брак за Раковите. За оние кои се во врска, ѕвездите се наклонети и браковите кои ќе бидат склучени во овој период ќе бидат многу силни. Слободните Ракови на крајот на месецот ќе ја запознаат својата сродна душа. Обрнете внимание на луѓето околу вас, можно е таа личност да е во кругот на вашите пријатели.

Лав

Родените во овој знак кои се во врска или брак во текот на декември ќе доживеат втор меден месец. Слободните Лавови ќе имаат помалку среќа – можни се многу познанства и романтични средби, но тешко дека ќе дојде до судбоносно спојување поради високите стандарди кои ги имате. 

Девица

Последниот месец од годината ќе биде двосмислен за родените во овој знак. Можни се конфликти и недоразбирања со саканата личност, а ситуацијата драстично ќе се промени во последната недела од декември. Слободните Девици се многу пребирливи, ќе запознаваат интересни луѓе, но ќе се однесуваат како да не ги забележуваат.

Вага

Овој месец во потполност ќе ги надополни недостатоците од претходните месеци. Во брачниот живот ве очекува идила и поддршка од саканата личност. Слободните Ваги би можеле да се заљубат во нова личност сосема неочекувано. Важно е да имате отворен ум и срце и да им дадете шанса на другите.

Шкорпија

Романсата и љубовта нема да бидат приоритет за родените во овој знак во текот на септември. Шкорпиите постојано ќе се посветат на работата и нема да имаат време за личен живот. Оние пак кои ќе одлучат да се препуштат на страстите ги очекува интересна средба која лесно ќе премине во романса. Шкорпиите во врска или брак ќе бидат незаинтересирани за нежност и страст.

Стрелец

Слободните Стрелци во овој период ќе најдат животен сопатник на сосема неочекуван начин. Од друга страна пак, оние Стрелци кои се во врска или брак ќе мораат да балансираат меѓу брачната хармонија и нивната желба за авантура. Првата половина од декември е одлична ако сте во долга врска и сакате да влезете во брак.

Јарец

Јарците кои се во врска ќе добијат нови емоции и возбуда да ја продлабочат врската во текот на декември. Но, некои од нив ќе направат и непромислени потези кои можеби ќе ја загрозат врската поради афера во која ќе се вклучат поради желбата за авантура. Слободните Јарци без страв ќе влезат во нова врска и ќе уживаат во најубавиот месец од годината.

Водолија

Крајот на годината носи измешани емоции за Водолиите. Некои денови ќе се соочуваат со силно чувство на среќа, а други пак моменти на разочарување и тага. Водолиите кои се во врска треба да и дадат поддршка на саканата личност и да не кријат ништо од неа, бидејќи во спротивно тоа ќе им се удри од глава. Слободните Водолии ќе се насочат кон наоѓање на сродна душа на погрешни места.

Риби

Родените во овој знак ќе бидат единствените кои нема да доживеат големи лични промени во текот на декември. Оние кои се во потрага по љубов, тешко ќе најдат сродна душа. Брачните парови не треба да очекуваат турбуленции и конфликти,но ниту пак премногу нежност и страст.