Љубовен хороскоп за август 2020

Што ви носат ѕвездите на полето на љубовта во текот на топлиот август?

Овен

Овој период ќе имате многу силни чувства, а во однос на партнерот ќе се однесувате ладнокрвно и воздржано. Не форсирајте ништо, пуштете ги работите да се одмотаат според својата динамика, бидете искрени во комуникацијата, но тактични и не се откажувајте од она што е добро за вас. Пробајте да дојдете до компромис, а тоа ќе го постигнете само ако останете смирени и аналитични.

Слободните Овни ќе бидат во центарот на вниманието – ќе имате многу барања и повици за излегување и дружење, но одговорете само на оние што вистински ве интригираат. Некои луѓе ќе бидат многу упорни, но не им давајте шанса ако не ви се допаѓаат.

Бик

Ако досега бевте на сите страни, овој период ќе морате да обрнете внимание на саканата личност и да ја ставите на прво место. Можеби сте нервозни бидејќи партнерот бара голема жртва од вас, но покажете му дека сте тука и дека сте подготвени на компромис. Не морате да правите никакви грандиозни дела.

Слободните Бикови имаат можност да привлечат личност која е посебна, но морате да покажете интерес за љубовта. Отворете ги очите околу вас и обрнете внимание на луѓето кои ви пристапуваат. Не морате да брзате никаде, само дајте им шанса.

Близнаци

Во партнерските односи, клучни се заедничките интереси  и друштвени активности за поврзување. Ќе имате можност да преиспитате некои ставови и замисли за љубовта и партнерството, особено низ исполнување на желбите на партнерот. Тоа нема да ви биде многу пријатно, но ќе ви помогне подобро да се поврзете со саканата личност.

Слободните Близнаци ќе се најдат во окружување на повеќе личности кои им се допаѓаат и можеби ќе ја препознаат својата сродна душа. Овој месец е голем предизвик за вас.

Рак

Во партнерските односи преовладува атмосфера на планирање и надежи. Можно е да направите големи промени, но само ако сте во тоа заедно. Планетарната енергија ви овозможува полесно да се поврзете со саканата личност, а партнерот е тука да ја одржува смиреноста и да ви помогне да се движите во насоката која сте ја замислиле.

Слободните Ракови во овој период ќе привлечат многу внимателни личности и ќе сфатат каква личност им е потребна покрај себе. Ако некоја личност ви го освои срцето, не се откажувајте. Не морате да бидете наметливи, но ако останете присутни и ги следите своите чувства, на крајот ќе добиете потврда колку сте ценети и обожавани.

Лав

Ова е бурен период за партнерските односи на Лавовите. Страстите често ќе се изразуваат низ конфликти, но по секоја расправија ќе дојдете до подлабоко разбирање и прифаќање, што е добро. Можеби на непријатен начин ќе сфатите колку ви е потребен и важен партнерот.

Слободните Лавови ќе се соочат со недоразбирања во комуникацијата. Потрудете се да испратите вистинска порака до личноста која ви се допаѓа, наместо да го тестирате теренот постојано и да ги збунувате.

Девица

Вложете повеќе размислување и енергија во врската за да сфатите каде сакате да се движите во иднина, а тоа и да го искомуницирате со саканата личност. Партнерот има свои навики и потреби кои не се исти како вашите, а вие треба да го сфатите тоа. Дајте си малку време да размислите овој месец.

Слободните Девици би можеле да сретнат интересна личност во рамки на некоја дружба и да откријат колку заеднички работи имаат со таа личност. Брзо ќе почувствувате силна поврзаност.

Вага

Ќе бидете задоволни со тоа што се случува во вашиот љубовен живот и ќе бидете страната која слуша, која не осудува и нема предрасуди. Овој месец ќе биде многу убав за вас на љубовно поле, а за тоа ќе бидете најзаслужни вие самите. 

За слободните Ваги, планетите носат придвижување на комуникацијата или унапредување на односот со една посебна личност. Планетарната енергија е на ваша страна, па често ќе бидете окружени со луѓе кои ви годат и чиј сензибилитет ви одговара.

Шкорпија

Во партнерските односи, ова е период кој инспирира и поттикнува промени и развој. Партнерот е на ваша страна, но ќе побара од вас да се преиспитате и коригирате во однос на некои ваши лоши навики. Подготвени сте за самоанализа, само треба да сфатите дека партнерот ви е најдобар пријател и поддршка во животот.

За слободните Шкорпии ова е романтичен период. Можете да се заљубите одеднаш, а тоа да биде силно со чувства кои ќе ве изненадат и вас самите. Ќе пробате да останете рационални и собрани, но ќе сфатите дека тоа е невозможно со оваа личност.

Стрелец

Што и да правите овој месец, потрудете се прво да ги разберете потребите и чувствата на саканата личност. Ќе бидете особено чувствителни за некои прашања, но не брзајте никаде со никакви заклучоци. Набљудувајте се себеси и видете како тоа влијае на вашиот однос.

Слободните Стрелци ќе мораат да го размислат својот концепт на слобода -  дали тоа ве спречува да бидете предадени на една личност, дали можете целосно да се опуштите на своите чувства, дали одговорно учествувате во комуникацијата. Слободата не значи и самотија, не избирајте луѓе кои само ќе ја пополнат празнината која ја чувствувате.

Јарец

Околностите во вашиот личен и љубовен живот ви носат многу вибрации. Не се трудете ништо да брзате, што и да се случува потрудете се да останете трпеливи. Не носете никакви заклучоци и не преземајте никаква посебна акција. Само препуштете се на текот, па брзо романтичната атмосфера ќе ви стане удобна. 

Истото се однесува и на слободните Јарци, не пробувајте да процените што сака и мисли личноста која ви е блиска. Само дозволете и да биде до вас и наскоро ќе дознаете многу работи.

Водолија

Овој месец, ѕвездите ви даваат одлучност и ви укажуваат на тоа дека треба да преземете иницијатива во љубовта. Ќе имате рамнотежа во љубовните односи и тоа ќе ви даде стабилност и ќе ве натера да размислувате за иднината. 

За слободните Водолии, вие нема да престанете да го барате тоа што ви е потребно. Само немојте да бидете нарцисоидни, нема потреба за тоа. Ако некои Водолии се чувствуваат искористено, нема потреба да остануваат во комуникација која не им носи ништо добро.

Риби

Ќе бидете храбри во љубовта. Тоа значи дека ќе излезете од себе и ќе и покажете на саканата личност дека може да се потпре на вас. Ќе бидете и многу искрени во однос на вашите чувства, а тоа ќе ви дојде одлично.

Слободните Риби ќе бидат инспирирани со сопствена страст и склони да се впуштат во авантури. Можно е мало разочарување, но не размислувајте премногу за тоа. Некои работи се случуваат бидејќи мораат да се случат, само продолжете напред.