Љубовен хороскоп: Какви личности се родените во Рак, Шкорпија и Риби?

Ако сте родени во еден од знаците Рак, Шкорпија или Риби, чувствата се на прво место во вашиот живот.

Имате силна потреба да се поврзете со другите луѓе, копнеете кон чувство на сигурност, но имате и силна потреба да бидете сакани. За вас, љубовната врска има смисла само ако има интимност во неа, а не можете да сакате некој кој нема да ви се посвети целосно.

Внимателни сте кога запознавате нова личност во вашиот живот, повеќе слушате и ја охрабрувате другата страна да го направи првиот чекор. Не сакате себеси да се ставите во прв план и вешто се снаоѓате во маневрирање низ несигурните ситуации на неискажани зборови, скриени погледи и суптилни пораки.

Секогаш сте подготвени да бидете тука за личноста која ви значи, давајќи и поддршка и укажувајќи ја својата доверба. Добро се снаоѓате во светот на чувствата и колку и да сте биле повредени, вие уште верувате во љубовта.

Во интимните врски, Раковите се поставуваат заштитнички кон саканата личност и за нив, по дефиниција љубовта треба да трае цел живот. Шкорпиите одат на сè или ништо. Потребно им е време да се отворат, но штом тоа се случи, тие сакаат силно и засекогаш. Рибите не се плашат да запловат во љубовна врска. Тие се потпираат на својата интуиција а често можат и да се залетаат во врските.