Љубовен хороскоп: Какви личности се родените во Бик, Девица и Јарец?

Ако сте родени во еден од овие земјени знаци, важно ви е чувството на сигурност, како и здравите навики, стабилните и долготрајни љубовни врски и лојални пријатели.

За овие знаци, љубовта се развива постепено, чекор по чекор, без брзање. Не сакате да ги истурата своите чувства на бесцелни односи, не ве привлекуваат претерано диви и екстравагантни ситуации, туку вам љубовта ви е важна само ако ви дава сигурност и чувство на топлина.

Интимноста ја развивате полека и почесто чекате иницијатива од другата страна, но ако ви се допаѓа некој подготвено одговарате. Штом почнете да се движите кон една интимна врска, непоколебливи сте и упорни и се поставувате нежно и смирено. Никогаш нема да го изневерите партнерот ако се чувствувате сакано. 

Цените суптилни гестови и нежност,  а драмите ве вознемируваат. Кога ќе го остварите нивото на интимност кое ви дава сигурност, лесно ќе се препуштите на страстите за кои не ни знаете дека постоеле во вас.

Земјените елементи значат и добра поврзаност со телото, па физичката интимност ви е многу важна. На Биковите им е потребно највеќе време да се препуштат, тие не сакаат да ризикуваат и секогаш чекаат пред да делуваат. Сакаат да се сосема сигурни дека се сакани и посакувани. Девиците постојано бараат некаква потврда за својата вредност, а додека не почувствуваат сигурност, родените во овој знак можат да се многу нервозни. Јарците покажуваат највеќе иницијатива во интимната врска и подготвени се да го направат првиот чекор кога во другата личност ќе препознаат квалитети кои ги ценат.

Овие знаци можат да ве ценат и почитуваат дури и кога ќе ја завршат врската со вас, но тоа е само под услов да не ги повредите и изневерите.