Љубовен хороскоп до крајот на годината

Што ни носат ѕвездите на полето на љубовта, до крајот на 2018? Прочитајте го хороскопот.

Овен

Наскоро доаѓаат празниците, а за вас тоа е време на убавина и мир. Можеби ќе ви биде чудно бидејќи навикнати сте постојано да брзате и трчате наоколу, но последните месеци од 2018, конечно ќе можете да здивнете. Ќе сфатите кои луѓе се вредни да бидат околу вас и ќе престанете така силно да се борите со себеси. Последните месеци конечно носат вистинска личност во вашиот живот.

Бик

За Биковите, крајот на 2018 ќе биде една голема забава. Премногу причини за славење, многу настани да ги посетите. Ќе пиете шампањ каде и да се појавите, а и ќе го привлекувате вниманието на луѓето околу вас. Сепак, меѓу сите тие луѓе ќе сретнете личност за која ќе посакате и да се смените. Таа која сте ја чекале целиот живот.

Близнаци

За Близнаците, 2018 беше исполнета со многу љубовни ситуации. Но, на крајот на 2018 ќе ги оставите сите тие ситуации и авантури позади себе и ќе посакате конечно да ја најдете својата сродна душа.

Рак

За Раковите, доаѓа најубавиот дел од годината -  студени денови поминати внатре во домот со саканите. Ќе се окружите со семејството и пријателите, но во сето тоа ќе посакате покрај себе да имате личност која вистински ве разбира. Ќе копнеете за некоја личност од вашето минато и ќе се борите измеѓу тоа дали да им се јавите или да ги оставите работите. Направете ја најпаметната одлука.

Лав

Лавовите беа сакани од сите во текот на оваа година, но тие сакаа само забава и авантури. Но, крајот на годината за нив носи личност со која ќе сакаат да ја поминат цела 2019  заедно. Тоа е личност која ќе може да се носи со вашето его, но и која ќе вреди што и да направите за неа. Уживајте во љубовта.

Девица

Тешка личност сте особено кога станува збор за љубовта, бидејќи многу се плашите. Но, крајот на годината носи личност која ќе го смени тоа за вас. Ќе нурнете во љубовта набрзина и нема воопшто да се плашите од последиците. Пријателите ќе се чудат на вашето однесување, но нема да ви биде грижа. Конечно сте решени да се опуштите.

Вага

На крајот на годината, конечно на прво место ќе ставите личност која долго ви го освојуваше срцето. Ќе им испратите јасна порака дека сакате да градите иднина со нив. Сите околу вас ќе забележат колку сте среќни и тие ќе бидат среќни со вас. Крајот на годината носи огромна љубов за вас.

Шкорпија

Шкорпии за вас крајот на годината не носи една личност, туку повеќе личности. Ќе бидете окупирани со повеќе од нив и нема да знаете кого да изберете. Ќе вложувате време и напор да ги освоите, но ќе им дадете до знаење и дека тие мораат да ве освојат вас и да го срушат вашиот студен екстериер. Опасна игра ќе играте.

Стрелец

Крајот на годината за вас е време за саканите. Ќе дадете се од себе да им посветите внимание на оние кои ги сакате или на личноста која е покрај вас, но постојано ќе правите планови каде да патувате во 2019. Би сакале тоа конечно да е со личност која ќе го освои вашето срце. Тоа е нешто што силно го посакувате.

Јарец

Јарците сакаат на повисоко ниво да ги издигнат работите со личноста која им значи, односно да отидат едно ниво погоре на скалата на љубовта и романтиката. Потрудете се да бидете потопли и да го стопите нивното срце на начин на којшто само вие можете.

Водолија

Крајот на годината за Водолиите носи неочекувано познанство. Нема да сте свесни дека тоа е таа личност веднаш штом ја запознаете, но полека нештата ќе се отплеткуваат. Уживајте во романсата.

Риби

За Рибите, крајот на годината значи време за љубов, а сега конечно имаат личност покрај себе на која можат да и ја дадат сета љубов што ја имаат. Ќе бидете топли и нежни кон нив и полека ќе го освојувате нивното срце, учејќи ги на нов начин на романса, кој само вие го знаете.