Љубовен хороскоп до 15 ноември

Доаѓаат посиви и постудени денови, но за некои од хороскопските знаци доаѓа љубов која ќе ги стопли и ќе им го стопи срцето.

Овен

На ова поле, ќе биде склони кон гледање под површината. Ќе успеете да завршите нешто што не било видливо. Потпрете се на својата самодоверба и конечно пристапете и на личноста која ви се допаѓа. Сепак, бидете ненаметливи.

Бик

Вашите емоционални односи добро се развиваат, а во нив делувате сигурно и зрело. Не е лошо. Сепак, продолжете со љубовните освојувања, не мирувајте.

Близнаци

Вашиот партнер нема да покажува способност за реалноста. Затоа и треба да се потрудите да ги спуштите на земја. Тие ќе попуштат пред притисокот и заедно ќе бидете среќни и задоволни. Лесно ќе дишете и ќе уживате во љубовната бајка.

Рак

Вашиот љубовен живот носи убава комуникација со спротивниот пол. Ќе имате бујна фантазија и ќе успеете да влијаете на луѓето на добар начин. Ова е одличен период конечно да и пристапите на личноста која ви се допаѓа. Време е!

Лав

Повторно форсирате со односите со луѓето. Ќе ве интересираат некои тајни, а ќе почнете и непотребни трачеви. Не сте сигурни како да се поставите во еден од односите со луѓето. Затоа и ќе балансирате меѓу повлеченост и отвореност кон другите луѓе.

Девица

Ќе ја занемарите сентименталноста и ќе се најдете во костец со реалноста. Тоа ќе биде здраво, бидејќи ќе ви помогне да ги подобрите односите. Тоа што го имате во себе, пренесете им го на другите.

Вага

Станува појасно дека треба да посветите повеќе внимание на саканата личност. Но, не сакате другата страна да ги води работите. Не сте во најдобра форма, но најдобро е да седнете и искрено да разговарате. Прашањето е само кога. Не чекајте.

Шкорпија

Како што минуваат деновите, така ќе чувствувате подобрување во односите со другите. Не треба да направите ништо посебно, доволно е само да се отворите. Звучи едноставно, но не е лесно изводливо. Клучот лежи во искреноста.

Стрелец

Со својот настап, однесување и зборови ќе го привлечете вниманието на личноста која ви се допаѓа. Ќе бидете како магнет за сите околу вас. Сепак, ако имавте досега проблем со некоја личност, ќе морате сега да се соочите со неа, на непријатен начин. Издржете.

Јарец

Вашата чувствителност и потреба за нежности ќе биде зголемена, но со оглед на околностите тоа нема да ви оди од рака.

Водолија

Најдобро ќе се чувствувате во поголеми групи. Ќе обожавате да излегувате со пријателите, но ако сте во врска земете ја и саканата личност. Подобро е во друштво.

Риби

Рамнотежата која ја чувствувате е поттикната од вашите смели потези. Не постои нешто што би можело да ве одврати од саканата личност. Овој период љубовта ќе ви оди од рака. 

latest Running Sneakers | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Giftofvision