Љубовен хороскоп до 15 декември

Прочитајте го љубовниот хороскоп до 15 декември.

Овен

По долгогодишно сонување, веќе не очекувате љубовна бајка, но затоа многу важно ви е минатото на потенцијалниот партнер. Сепак, останува отворено прашањето зошто тоа ви е толку важно – преиспитајте се себеси.

Бик

За вас постојано се создаваат милион можности за дружење. Вашиот активен начин на додворување може малку да ја замори другата страна, па се трудите да бидете приземни и помалку да барате од нив. Смирете се и дишете длабоко – никој нема да ви избега.  

Близнаци

Љубовта е тивка, а вие таинствени. Некои од вас би можеле да се најдат во искушение за тајна врска. Можат да се јават проблеми поради лошата комуникација, затоа избегнувајте конфликти и посветете се на негување на љубовта.

Рак

Ве очекуваат напнати околности и не ви е лесно да најдете вистински одговор за сите прашања.

Можна е средба со една интересна личност која ја познавате од поодамна. Поволен ден за почеток на авантура.

Зголемете го внесот на витамини.

Лав

Вашите идеали се поставени високо,  кога станува збор за љубовта, а вие сте подготвени да ги следите, без оглед на тоа каде ќе ве донесат. Сепак, тоа нема да донесе решение на вашите љубовни проблеми. Пробајте да најдете мир, а потоа да барате љубов.

Девица

Пред вас се денови кои ќе ве направат осамени, или пак ќе создадат фрустрација во однос на партнерот. Ќе бидете почувствителни од вообичаено. Излезете, дружете се со пријателите.

Вага

На истра бранова должина сте со партнерот. Сега сте подготвени да разговарате и да ги споделите сите работи кои подолго време ги чувавте во себе. Станувате многу емотивни и потребна ви е нежност овој период.

Шкорпија

Ве очекува голема забава, можеби организирање на нечиј роденден. Таму ќе бидете неверојатно шармантни, а ќе станете и главна ѕвезда на забавата. Харизмата ќе биде најсилен дел од вас, каде и да се појавите.

Стрелец

Прифаќате работи кои не ви се по волја и тоа е силен знак за зрелост и трпение. Ќе бидете тивки и дискретни.

Јарец

Отворени сте за секаква опција, а така и ги надминувате малите несложувања со партнерот. Сите грижи ќе успеете да ги решите во друштво на добрите пријатели. Тие ќе ви дадат добри совети.

Водолија

Вашата врска ќе напредува, но треба да внимавате да ги избегнувате тешките зборови кои ќе доведат до големи конфликти.

Риби

Постојано сонувате за нешто подобро, а не уживате во љубовта која веќе ја имате. Сменете го размислувањето, не го уништувајте тоа што го имате.