Љубов во ера на интернет: Кога станавме толку емотивно оштетени?

Повеќе не се врзуваме за друг личност. Не ја гледаме поентата. Често слушаме дека „има и други риби во морето“, но морето порано не се наоѓало на врвот од нашиот прст, одалечено само од клик. Социјалните мрежи и страниците за запознавање и состанување станаа дел од нашето секојдневие.

Сега можеме да „нарачаме“ партнер по наша мера, како да нарачуваме брза храна,  а не човечко суштество. За нас интимност е низа на смајлиња на екранот од нашиот компјутер или мобилен телефон. Испраќањето на пораки за добро утро сметаме дека е огромен напор. Велиме дека романтиката е мртва. Можеби е. Можеби не е. Можеби романтиката и понатаму е тука, скриена во сенката на модерните времиња и е во исчекување на својата шанса повторно да засјае во некое ново светло.

Можеби во денешно време за романтичен гест се смета ако го оставиме мобилниот телефон, барем за еден момент и да го погледнеме партнерот во очи за време на вечерта или евентуално деактивирањето на својот профил на Фејсбук.

Ако сепак се случи човек емотивно да се врзе за својот партнер и понатаму несвесно трага по други алтернативи. Секако дека сакаме залче од совршената сочна кременадла, но погледот се уште талка кон шведската маса. Затоа што човекот сака да има повеќе можности за избор, а токму нашите избори се причина за нашето страдање. Веруваме дека шансите се добра работа.

Колку повеќе избори, толку подобро. Но, никогаш не сме задоволни во потполност, забораваме дури и какво е чувството на задоволство. Сите врати ги оставаме отворени, затоа што некаде таму постојат избори, шанси, нови искуства за кои постојано сме гладни. 

Не сме свесни колку личноста којашто стои пред нас посакува да биде сакана или да даде љубов, затоа што модерните луѓето тоа никогаш не би го кажале гласно, никогаш не би го признале. Ние секогаш чезнееме за нешто што не можеме да го дефинираме или опишеме, но сепак сакаме да веруваме дека постои.

Не престануваме да се тешиме себеси и своето внимание и време го трошиме на неважни работи за  избегнеме соочување со демоните во нашите глави, за да избегнеме да се заљубиме. Ние бегаме од другите. Ние ги оставаме. Пред нас е целиот свет без граници, свет за кој генерациите пред нас не ни можеле да сонуваат. Доволно е да седнеме на компјутер, да ги разгледаме сликите од Португалија, а потоа да посегнеме по кредитната картичка и да резервираме авионска карта за Лисабон. Среќни сме што знаеме дека ја имаме таа можност, дури и ако финансиската ситуација не ни дозволува да го спроведеме тоа на дело.

Секогаш постојат други возбудливи избори. Можеме да ги гледаме сликите на другите луѓе на Инстаграм и да им се восхитуваме на животите кои мислиме дека ги имаат. Можеме да ги видиме сите градови кои никогаш нема да ги посетиме. Можеме да видиме луѓе со кои никогаш нема да бидеме заедно. Се бомбардираме себеси со информации, желби, потреби и се прашуваме зошто сме несреќни. Се прашуваме зошто сме незадоволни. Се прашуваме зошто ништо не трае вечно и зошто се се чини безнадежно. Не умееме реално да го согледаме својот живот и постојано го посакуваме туѓото.

Некогаш го наоѓаме она за кое со години сме трагале. Ја пронаоѓаме личноста којашто ја сакаме и личноста која не сака нас. Се врзуваме. И признаваме на таа личност дека ја сакаме. А тогаш, ја покажуваме врската пред другите. Го менуваме статусот на Фејсбук. На Инстаграм објавуваме слика со саканата личност. Јас станува „ние“.

Правиме се за да ги убедиме другите дека врската е совршена. Не пишуваме статуси за кавгите во три наутро, не објавуваме слики од своите солзи и тешките зборови кои стојат зад тие солзи. Не се осудуваме на Твитер во 140 карактери да ги запакуваме нашите стравови и болка за да ги споделиме со другите. 

Понекогаш, на социјалните мрежи налетуваме на слики од други парови. Среќни парови. А потоа таа врска ја споредувме со нашата. Ние сме генерација на смајлиња. За да бидеме доволно добри. Најдобри. Никогаш порано пред нас не сме имале каталози со карактеристиките на „Најдобрите можни животи“.

Често сме депресивни затоа што никогаш не сме доволно добри ни пред себе, ни пред другите, затоа што чезнееме и трчаме по измислено совршенство кое постои само во нашиот ум. Животите од Инстаграм и Фејсбук не постојат. Исто како и љубовните врски. Сепак, тешко ни е да поверуваме во тоа, затоа што ги гледаме доказите со сопствените очи.

Тогаш ја прекинуваме емотивната врска. Раскинуваме затоа што сметам дека односот со нашата сакана личност не е доволно добар, дека нема перспектива и иднина. А потоа – кликаме. Кликаме по сликите на другите луѓе низ социјалните мрежи.

А потоа се отпочеток. Смајлиња. Пораки за „добро утро“. Интимност. Одложување. Селфи од среќниот пар. Споредување. Споредување. А потоа чувство на незадоволство. Кавги.  „Нешто не е во ред, ама не знам што“, „Оваа врска нема иднина“, „Потребно ми е нешто ново, нешто поинакво“. Прекинување. Уште една изгубена љубов. Нова гробница за сликите од насмеаниот пар.

Продолжуваме понатаму. Бараме ново: Нови луѓе, искуства, моменти. Извор на нови задоволства. Ги живееме нашите животи во 140 карактери, замрзнати моменти разубавени со филтри на Инстаграм.

На крајот, можеби ќе сфатиме дека се она што мислиме дека го сакаме, во суштина е само лага.  Посакуваме телефонски повици. Посакуваме да го видиме лицето на другата личност и тоа надвор од компјутерскиот екран. Посакуваме односот со другата личност да се развива постепено. Посакуваме едноставност. Посакуваме живот во кој нашето задоволство нема да зависи од бројот на лајкови, коментари и споделувања. Посакуваме страст, посакуваме живот.

Посакуваме љубов на која ќе работиме секој ден, љубов која ќе ја изградиме заедно со саканото битие. Посакуваме да ги запознаеме родителите на партнерот. Посакуваме пред што било друго да бидеме сигурни дека сме го проживеале животот како што треба. Тоа е она што навистина го сакаме, дури и ако не сме свесни за тоа.