
Се сеќавате ли на оваа лесно певлива, култна песна на македонската музичка сцена, која од прва „влегува во уво“?
Станува збор за рефрен кој на многумина им е познат - „Љубов се пишува, љубов се брише... Бакнежи и разделби...ко трн и роза“.
Станува збор за песната „Немам одбрана“ во избедба на Бојана Скендеровски, тогаш Атанасовска.
Премиерно беше изведена во 2003 година, на музичкиот фестивал „Макфест“, а годинава на хитот се потсетивме на јубилејното издание на истиот фестивал во Штип.
Еве како звучи стариот хит во ново руво!
Инаку, декември ќе го донесе и првиот солистички концерт на Бојана Скендеровски. Во магичната атмосфера на Филхармонија, на 13 декември со почеток од 20:00 часот, публиката ќе има ретка можност да ја доживее Бојана во едно ново светло — интимно, моќно и вистинито. Концерот е насловен „Бесмртна“ - како симбол на сите чувства, песни и моменти од 23-годишната кариера на Бојана.