Љубов каква посакувам од дното на душата...

Вообичаен работен ден во мојата ординација.

Околу 08:30, еден постар човек, кој сигурно имаше околу 80 години, влезе во чекалницата. Имаше рана на палецот која требаше да биде прегледана. Веднаш кажа дека се брза затоа што има состанок во 9 часот.

Го замолив да седне и да почека, знаејќи дека можеби ќе помине и повеќе од еден час додека го прегледа некој. Постојано погледнуваше во часовникот. Одлучив да го прегледам со оглед на тоа дека немав други пациенти. Ја погледнав раната. Раната заздравуваше сосема добро, па разговарав со друг доктор и така господинот го доби она што му беше потребно за санирање на раната.

Во целиот тој процес, го прашав зошто толку се брза. Секогаш мислев дека постарите луѓе имаат многу повеќе време за работите. Господинот ми кажа дека се брза за да отиде на доручек со неговата сопруга која е во старечки дом. Во најобичен разговор го прашав за нејзиното здравје. Тој ми кажа дека таа е таму веќе подолго време и дека има Алцхајмерова болест. Јас го прашав дали таа ќе се лути доколку тој задоцни, а тој ми кажа дека таа повеќе не знае кој е тој и дека веќе 5 години воопшто не го препознава.

Јас се изненадив и го прашав: „А вие и натаму одите секое утро иако таа не знае кој сте вие?“

Тој се насмевна, нежно ме потапна по рамото и ми рече: „Таа мене не ме знае, но јас ја знам неа...“

Морници ми поминаа низ целото тело и едвај ги задржував солзите. Кога ја напушти ординацијата, си реков самиот на себе: „Е таква љубов сакам да доживеам во животот...“

Вистинската љубов не е ни физичка, ни романтична.

Вистинската љубов е прифаќање на сето она што било, на она што е, она што ќе биде и она што нема да биде.

Најсреќните луѓе не мораат да го имаат најдоброто во животот.

Тие самите го извлекуваат најдоброто од околностите кои им се дадени!