„Љубов” без љубов - драги девојки, не си го упропастувајте својот живот одлучувајќи да бидете таа другата

Што е тоа што може да натера една млада, убава и паметна девојка да упропасти голем дел од својот живот донесувајќи одлука да биде онаа другата жена, нечија љубовница. 

Љубов без љубов. 

Многу слатки моменти, драми, заплети и турбуленции. Но, расплетот никако да дојде. Таквите мажи никогаш не ги напуштаат своите жени.

Како се станува љубовница? На почетокот, не се доживувате себеси така. Ви изгледа како да имате дечко со кој не се гледате толку често, како да живеете во друг град, па морате да се организирате добро. Моментите се магични, адреналинот е тука бидејќи и правите нешто погрешно.  Првите неколку месеци, работите се прекрасни. Доволно сте возрасни можеби за да знаете дека сето тоа е забава, но мошне брзо тоа се претвора во нешто посилно. Чувствувате нешто во себе, си велите дека можеби е љубов.

Тогаш веќе почнува вистинскиот проблем.Се надевате дека тој ќе се смени. Дека ќе сфати дека вие сте жената на неговиот живот, дека оваа „љубов” е вистинската. Тој е нежен, паметен, забавен, живеете во својот убав свет и тој само треба да се освести и да сфати дека среќата е тука со вас. 

Но, како што минува времето, сфаќате дека иако вели дека не спие со жената, дека одат на одмор само поради тоа што мораат, дека односите се лоши, но мораат да функционираат за децата. Сепак, ништо не се менува. Тој нема никогаш да ја остави жената. 

Минуваат летовања, зимувања, нови години, тој е со неа, а не со вас. Пеколот доаѓа. Се чувствувате несигурно, тој дава ветувања, но веќе сфаќате во што сте се заплеткале. 

Едно време, веќе комуникацијата е се поретка. Не ви праќа веќе слатки пораки за добро утро и добра ноќ. Поретко се гледате. Работите одат надолу, а пред само неколку месеци се надевавте дека ќе бидете заедно, го замислувавте својот невестински фустан, својата свадбена веселба. И, таа можеби ќе се случи еден ден, но не со овој човек. Не се надевајте.

Ако некогаш сте се заплеткале во ваква фарса, прекинете ја приказната. Среќниот крај на приказната не постои, барем не за вас. Не губете значаен дел од животот уништувајќи нешто и надевајќи се дека ќе успеете да изградите среќа врз тоа. 

Ако не сте, бидете среќни. Љубовта, страста и возбудливоста кои ги носат ваквите врски сепак губат покрај љубомората, болката и суетата. Бидете среќни, бидејќи љубовниците не се. 

Nike sneakers | Mens Footwear