Љубојна со концерт во арена Борис Трајковски

Горила продукција, Ви ја најавува македонската музичка сензација Љубојна, заедно со виртуозите Влатко Стефановски на гитара, Исмаил Лумановски на кларинет и Џамбо Агушев на труба, со огромно задоволство ве покануваат на големиот пред-новогодишен концерт.

Концертите што последните неколку години во Скопје успешно ги свири групата, станаа традиција на предновогодишно собирање и славење на радоста и музиката на групата Љубојна. Билетите се пуштени во продажба во салоните на Оне, Југотон и останатите продажни места на www.mktickets.mk по промотивни цени.

Дојдете на 17 Декември во 20.30 во арена Борис Трајковски и заедно со Љубојна во "Шербет" расположение запејте ја "Лено", со "Музика на дланка" за "Песна за мојата песна". Љубојна и Исмаил Лумановски на почетокот на Ноември го промовираа и новиот музички проект, за Љубојна седми студиски албум „Шербет Љубојна“, воедно e одлична најава за неколку часовниот концерт.

cheap nike free run 5.0