Љубителите на модата се собраа во македонската метропола - започна Модниот викенд (фото)

Талентот е новото секси, под тоа мото се отвори новото четриринаесетто издание на Моден Викенд Скопје, со прекрасната и талентирана Јована Филиповиќ и нејзината колекција под име “Големата Убавина”. Колекцијата е инспирирана од италијанскиот филм со тоа име во режија на Паоло Сорентино.

Колекцијата има колоритни блескави сакоа, панталони со одличен крој, женствени фустани за одземање здив, сјајни ролки, заеднички светкави брош детали, ексклузивни бомбер јакни со одличен крој – збир на различни стилови и избори за секој профил на лик во една дискусија, на кров, уз вино, за животот и неговото значење.