Љуби го ближниот свој како себеси...

Библијата вели: „Љуби го ближниот свој како себеси“.

Но, како ќе го сакаш и љубиш другиот ако не знаеш да се сакаш себеси?

Вие сте се сакале себеси кога сте го здогледале светлото на овој свет, но животот ве оддалечил од тоа. Некои повеќе, некои помалку. Но, тоа е во ред, бидејќи учите. Не барајте искупување во другите, искупете се самите. Такашто ќе бидете подобри личности, затоа што секогаш, ама баш секогаш, вие избирате. Одговорноста паѓа на вас. Никој друг не може да го носи тој „крст“. Зошто тогаш го очекувате тоа? 

За да ги љубите другите, вистински и со целосно прифаќање и прошка, прво мора да се љубите себеси. Животот не им бил лесен на многу луѓе. На некои луѓе, животот им бил преполн со тага и насилство, па се свртеле кон омразата. Заборавиле. Го прифатиле туѓото и поверувале во тоа и ѝ го свртеле грбот на љубовта. Тоа не мора да биде така. 

Не си овде да мразиш, тука си за да сакаш, пред сè. 

Тргни полека, чекор по чекор, ден по ден. Оди полека и со верба во срцето. Простувај многу, како себе, така и на другите. И сакај, сакај и натаму. Дури и оној „најлошиот“, затоа што сите сме Божји деца. 

Само немој да заборавиш да сакаш, затоа што нема помоќна сила од љубовта.

Пред и после сè, сакај и прифати се себеси, затоа што за да ги сакаш другите, прво мора да се сакаш себеси.