ЈП „Водовод и Канализација“ информира дека утре без вода ќе биде скопското село Љубанци.
-Поради уличен дефект од ф - 110 мм во село Љубанци под резервоарот, во периодот од 09.00 часот па сè до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Љубанци, информираат од претпријатието.