Љубанци и Љуботен ќе добијат вода од градскиот водовод

Вчера на седница на Град Скопје со мнозинство гласови ЗА, се усвои одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Бутел и Град Скопје.

- Станува збор за одлука со која се гарантира приклучок на градскиот водовод со новопредвидената водоводна мрежа за Љубанци и Љуботен. Првата фаза од овој историски проект ќе биде финансирана од страна на амбасадата на САД, во вредност од 800.000 долари. Останатите две фази од проектот ќе бидат финансирани од страна на владата на Р. Македонија и општина Бутел, информираше градоначалникот Костовски. 

Проектната документација беше изработена од страна на општина Бутел во вредност од 5 милиони денари.