Љубанци доби ново детско игралиште

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информира дека детското игралиште кое се наоѓа веднаш до ООУ „Гоце Делчев“, доби нов лик со нови содржини.

Нова високо квалитетна гумирана мека подлога е поставена за безгрижна игра на дечињата. Нови реквизити, нова урбана опрема, како и нова ограда за поголема безбедност се поставени на новото детско игралиште.

- Овој проект е дел од градежната офанзива во Љубанци која вчера започна. Општина Бутел ја правиме поубаво место за живеење со многу нови содржини, информира Костовски.