
Лизгалиштето во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска ќе ја отвори новата сезона со целосно обновен изглед и свежа енергија.
Посетителите ќе можат да уживаат во ново осветлување, ребрендирани простории и мраз подготвен според највисоки стандарди, а директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Данијел Апостоловски во објава на Фејсбук најави дека официјалното отворање на лизгачката сезона е закажано за денес, 29 ноември 2025 година, сабота.
Љубителите на лизгањето ќе имаат можност да уживаат во одличните услови на лизгалиштето, кое оваа година се претставува во нов, современ сјај.