Литературна Манифестација „Стихувалки 2019“

Утре, во рамките на одбележување на 24 мај денот на македонските просветители светите Кирил и Методиј, со почеток во 18.00 часот ќе се одржи завршната манифестација на проектот - фестивал на поезија за деца „СТИХУВАЛКИ 2019“ во КИЦ во Скопје.

На оваа манифестација ќе се соопштат трите најдобри творби за деца од тројца автори на кои ќе им се врачат наградите (парични и плакети).
„Исто така ве информираме дека на сите 79 застапени автори во ЗБИРКАТА со поетски творби за деца, ќе им биде врачено ПРИЗНАНИЕ за нивното учество на конкурсот и за афирмација на поезијата за деца, како и примерок од книгата, а на сите помагатели БЛАГОДАРНИЦИ за нивната подршка во реализација на овој проект.
Настанот ќе биде збогатен со музички точки и многу забава.“, се вели во нивното соопштение.