Литар масло за јадење над 86 денари - Какви се цените низ македонските маркети?

Поскапувањето на горивата на светско ниво, донесе повисоки цени на дел од прехранбените продукти низ маркетите во земјава. 

Цените се различни од продавница до продавница, од маркет до маркет. 

Согласно платформата Пазарлук, каде се објавуваат цените низ македонците маркети, ова се цените на дел од основните намирници. 

Масло за јадење од еден литар  - од 87 до 96 денари 

Јајца (табла од 10 јајца) - од 58 до 138 денари 

Брашно од еден килограм  - од 40 до 77 денари, зависно од типот и брендот 

Банани килограм - од 60 до 72 денари 

Премиерот Христијан Мицкоски изминатите денови порача дека очекува во овие предизвикувачки услови, сите да се однесуваме во рамки на она што значи заштита на стандардот на граѓаните, зашто со тоа се штити и бизнисот.

- Имаме најниска цена на горивата во регионот, нема ценовен шок и снабдувањето со нафта и нафтени деривати не е доведено во прашање. Компаниите снабдувачи имаат доволно резерви, инфлацијата е најниска во регионот, порача Мицкоски.