Листа со најевтини земји за живот - На кое место се наоѓа Македонија

Магазинот “Time” неодамна објави листа со најевтини земји за живеење, а на таа листа се најде и Македонија.

На листата се најдоа 50 земји, а магазинот животот во овие земји го споредува со животот во Њу Јорк. Споредувани се четири категории, куповната моќ во однос на платата, цена за изнајмување на стан, цена на намирници, цена на превоз, ресторани, цени во маркети.

Според листата Македонија се наоѓа на 10 место.

Магазинот пишува дека тука има пристојна куповна моќ, ниски цени за изнајмување, како и ниски цени на намирници и услуги. Исто така и за град Скопје наведуваат дека е еден од најевтините главни градови.

Со Македонија, на листата се најдоа и други балкански земји: Хрватска на 47 место, Словенија на 36 место, Албанија на 27, Црна Гора на 26, Србија на 18, Босна и Херцеговина на 11 и Косово на 3 место.