Листа на најуспешни ресторани и хотели во Македонија

Министерството за економија – Сектор за туризам и угостителство, по повод меѓународниот ден на туризмот 27. септември 2017 година, традиционално како секоја година доделува признанија за туристичките и угостителските бизнис- заедница во неколку категории.

Оваа се најуспешните ресторани:

Воденица Мулино – Скопје, Стара Куќа – Скопје, Ноел- Тетово, Стоби – Градско, Шалом - Струмица.

Хотел со најдобра спа понуда:

Хотел Аурора – Берово

Хотелот се наоѓа на надморска височина од 1.100 метри, сместен во источниот планински дел на Македонија, близу до градот Берово, веднаш над Беровското езеро и прекрасниот кањон на Малешевските планини.

Изграден од природни елементи, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на растенија и дрва кои го претвораат ресортот во прекрасна ботаничка градина, збогатен со секојдневниот пој на птиците, припитомени во куќарките соецијално изработени за нив и потставени по боровите кои го опкружуваат комплексот, ресортот е вистинска хармонична бајка.

Со своите содржини како: world-class СПА центар, ресторан што претставува уметничко ремек дело, пет ѕвездено сместување, прекрасни базени, беспрекорна услуга од светска класа и богати и интересни планински содржини, го прават овој луксузен сепак интимен комплекс Вашето совршено бегство од секојдневието…