Критериумот за избор на патогеност за листата на СЗО биле одговорите на прашањата колку се смртоносни инфекциите кои овие бактерии ги предизвикуваат, дали нивното лекување бара долготраен престој во болница, колку лесно се шират меѓу животните, а колку чесно се пренесуваат од животни на луѓе и колку од луѓе на луѓе, може ли инфекцијата да се спречи (на пример со добра хигиена и вакцинирање), и дали веќе е во тек истражување на нови антибиотици итн.

„Новите антибиотици кои се стриктно насочени кон приоритетната листа на патогеноста може да помогнат да се намали смртноста поради резистентните инфекции ширум светот“, вели професор Евелина Таконели, раководител на Одделот за заразни болести на Универзитетот во Тубингену и главна соработничка во креирање на пописот. Таа додава дека секое развлекување само ги продолжува јавно здравствените проблеми и значајно влијае на квалитетот на грижата на болните.

И од доброволната организација за медицински истражувања „Велком труст“ истакнуваат колку е важно овој попис на бактерии да се насочи кон истражување на нови антибиотици, нарекувајќи ги инфекциите отпорни на лековите за една од најголемите закани на човештвото. Драматично звучат зборовите на Тим Јинкс од оваа организација, а токму тој по повод објавениот СЗО попис на бактерии го изнесе податокот за зголемување на бројот на умрени од инфекции од десет милиони во само една генерација.

„Без нови лекови за лекување на смртоносните инфекции, третмани како што се хемотерапија и трансплантација на органи, како и рутинските операции како што се царски рез или замена на колк ќе бидат потенцијално смртоносни“, додава Јинкс. (Слободна Далмација)

Листа на најопасни бактерии 

Пописот на СЗО на приоритетни бактерии е поделен на критични, високо и средно отпорни, во зависност од тоа колку е итна потреба за нови антибиотици.

12 неуништливи

Приоритет 1 (најкритична отпорност на антибиотици)

Acinetobacter baumannii

Pseudomonas aeruginosa

Enterobacteriaceae

Приоритет 2 (висока отпорност)

Enterococcus faecium

Staphylococcus aureus

Helicobacter pylori

Campylobacter spp.

Salmonellae

Neisseria gonorrhoeae

Приоритет 3 

(средно ниво на отпорност)

Streptococcus pneumoniae

Haemophilus influenzae

Shigella