Листа на ЕМА со можни симптоми од АстраЗенека - ако се појават, потребна е помош од лекар

Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера одобри продолжување на вакцинацијата со вакцината АстраЗенека, но објавија и листан на можни симптоми за кои ако се појават, потребна е интервенција од лекар. 

Така, ако се појават симтоми како:

-Отежнато дишење
-Болка во гради
-Болка во стомак
-Главоболка
-Влошен вид
-Мали модринки
-Плускавци на кожата

Веднаш треба да се побара лекарска помош и да се нагласи вакцинирањето. 

Неодамна, вакцинацијата со АстраЗенека во повеќе држави беше запрена, додека да се истражи појавата на крвни тромбови кај неколку лица кои ја примиле.