Листа на должници на УЈП: Над 4.500 граѓани и фирми должат 163 милиони евра

Познати компании, спортски клубови и бизнисмени се најдоа на најновата листа должници на Управата за јавни приходи за долгови доспеани до 31.08.2018 и неплатени до 30.11.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Така, ФК Вардар должи 31,6 милиони денари, „Трансмет“ должи 79 милиони денари, Бајруш Сејдији должи 112 милиони денари, а меѓу должниците се и Отекс, Бујото инвест…

На листата објавени се 2.140 должници – правни лица (помалку за 13 од претходната листа) и 2.370 физички лица (повеќе за 195 од претходната листа).

Воедно на листата на должници бр.12/2018 за долгови доспеани до 31.08.2018 и неплатени до 30.11.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2018 изнесува 10.027.643.843 денари (163 милиони евра), помалку за 58.864.425 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.998.544.030 денари (помалку за 48.707.933 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 29.099.813 денари (помалку за 10.156.492 денари од претходната листа).

Целата листа на должници ТУКА.