Лисната пита со шунка и кашкавал

Со лиснатото тесто кое е достапно во сите маркети можете да подготвувате најразлични рецепти за пецива, особено доколку не сте вешти самите да подготвувате тесто. 

Состојки:

250 гр лиснато тесто
50 гр кашкавал
50 гр шунка
Едно јајце

Подготовка:

Правоаголното лиснато тесто рассукајте го малку. На средината ставајте парчиња шунка и кашкавал. Страничните делови од тестото исечете ги како ленти и префрлајте ги врз филот, како плетенка. Ставете ја питата врз хартија за печење и премачкајте со јајце. Можете да подготвите и повеќе вакви панцероти доколку сте повеќе луѓе дома. 

Печете 20 минути во рерна загреана на 200 степени.