Лисната пита со печурки и праз

Вкусна посна пита, одлична за појадок.

Состојки:

500 гр кори

200 мл вода
200 мл масло
Еден квасец
Една лажичка сол
Една лажичка шеќер
5 лажици брашно

Состојки за фил:

Еден кромид
300 гр свежи печурки
Еден праз
Зачини

Подготовка:

Измешајте ги состојките со квасец во еден сад. 

Подгответе го филот така што ќе ги запржите прво кромидот и празот, а потоа исецканите печурки. Зачинете добро. 

Земете кора, намачкајте со смеса од квасец и ставете уште една врз неа. Повторете ја постапката и нанесете трета кора. На крајот ставете смеса и завиткајте како ролат. 

Редете во намастена тава. Премачкајте со остатокот од смесата со квасец и ставете сусам. 

Печете на 200 степени во загреана рерна.