Lions Club Lux Aeterna го слави својот трет роденден

Lions Club Lux Aeterna ќе го прослави својот трет роденден со уште една хуманитарна забава. Оваа сабота во клубот „Младост лудост“ лајонси ќе организираат забава за да ја одбележат третата годишнина од постоењето на овој огранок од глобалната организација, но повторно, приликата ќе ја искористат за донирање.

Во соработка со „Младост лудост“ кој исто така ќе издвои извесен процент од заработката, собраните сретства ќе бидат наменети за лекување на брат и сестра од семејството Додевски од Куманово. За одличната музика ќе се погрижи Latin Instrumental бенд, кој исто така ќе настапи хуманитарно. Медиумски покровители на настанот се Радио Бубамара 105,2, City Radio и Print Box.

Стартот на забавате е закажан за 21 часот.