Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето во двојки на престижниот турнир на Бол

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во полуфиналето во игра на двојки на ВТА турнирот вреден 115.000 долари на Бол, Хрватска.

Ѓорческа, заедно со својата партнерка Александрина Најденова од Бугарија, во четвртфиналната пресметка славеа против српско-бугарската комбинација Јоровиќ/Костова убедливо со 6-2,6-4.

Претходно, Ѓорческа беше елиминирана во второто коло на турнирот во поединечна конкуренција токму од Јоровиќ.