Лимонова диета: 10кг помалку за 2 недели

Ако сакате целосно да го смените вашиот изглед и да изгубите 5-10 килограми, и покрај добрата волја, ќе ви биде потребен лимонот!

Оваа диета ги топи килограмите и мастите, но исто така го зајакнува телото и ја прочистува крвта и лимфата.

Многу професионални нутриционисти тврдат дека лимонот ги содржи сите потребни елементи за да се намали масното ткиво, а со тоа и да се ослабе.

 Меѓу другите состојки лимонот содржи лимонска киселина, која помага во согорувањето на мастите, го забрзува метаболизмот и покрај тоа, го намалува апетитот.

Лимонската киселина придонесува за интензивно производство на желудечна киселина, а како резултат на тоа, го подобрува варењето на храната. Здравата кора од лимон содржи пектин, кој помага во регулирање на нивото на шеќерот во крвта.

Постојат многу различни витамини, кои се наоѓаат во лимонот вклучувајќи витамин Ц, кој го зајакнува имунолошкиот систем, а исто така е важен фактор во процесот на слабеење. Целиот лимон е неверојатно овошје со кое може да се прочисти вашето тело, да се прочисти крвта и лимфата, да се забрза метаболизмот.

Лимон диетата е многу едноставна: секое утро пред појадок пијте ја следната количина од лимонов сок измешан со вода:

Ден 1: сок од 1 лимон измешан со 1 чаша вода.

Ден 2: сок од 2 лимона се меша со 2 чаши вода.

Ден 3: сок од 3 лимони се меша со 3 чаши вода.

Ден 4: сок од 4 лимони измешан со 4 чаши вода.

 Ден 5: сок од 5 лимони измешан со 5 чаши вода.

 Ден 6: сок од 6 лимони се меша со 6 чаши вода.

Ден 7: сок од 3 лимони се меша со 10 чаши вода.

Додадете 1 лажица мед и пијте ја смесата во текот на денот.

Ден 8: сок од 6 лимони се меша со 6 чаши вода.

Ден 9: сок од 5 лимони се меша со 5 чаши вода.

Ден 10: сок од 4 лимони се меша со 4 чаши вода.

Ден 11: сок од 3 лимони се меша со 3 чаши вода.

Ден 12: сок од 2 лимона се меша со 2 чаши вода.

Ден 13: сок од 1 лимон измешан со 1 чаша вода

Ден 14: сок од 3 лимони се меша со 10 чаши вода.
Додадете 1 лажица мед и пијте ја смесата во текот на денот.

Совет: Исплакнете ја устата со вода веднаш после пиењето на сок од лимон за да се спречи оштетување на емајлот од забите поради лимонската киселина.

Забелешка: Најдобро е целата количина да се испие одеднаш. Но доколку не можете целата количина да ја испиете, испијте колку можете, па остатокот оставете го за подоцна. Важно е да се пие лимонадата најмалку еден час пред јадење.

Оваа диета не се препорачува за луѓе со гастроинтестинални проблеми!

Лимон диетата е особено ефикасна ако се спроведува во есен или пролет, време кога на нашето тело му се потребни дополнителни витамини и детоксикација. Ако се комбинира лимон диетата со низок внес на калории може да се добијат дури и подобри резултати!

 Јадете пет мали оброци, но навистина мали, не се прејадувајате, не јадете тестенини или бел леб. Заборавете на газираните пијалаци, засладени пијалоци и алкохол, закуски, чипови, смоки.