Лимон-колач без јајца

Ако сакате вкус на лимон, но не сакате да користите јајца и млеко, тогаш рецептов е идеален за да направите највкусен колач. 

Состојки:

1 лажичка чиа семе
125 гр грчки јогурт со што помала масленост
185 гр млеко од бадеми
135 гр шеќер во прав
Три лажички сок од лимон
Една изрендана кора од лимон
Три лажици масло
325 гр брашно
Пола лажичка прашок за пециво
Малку сода бикарбона
Малку сол

Подготовка: 

Чиа семето измешајте го со малку вода и оставете да се згусне. Рерната загрејте ја на 180 степени. 

Измешајте ги сите состојки, па ставете ја смесата со чиа-семе. Добро измешајте, па ставете во калап за колач. Печете околу 40 минути, прекријте со фолија, па вратете во рерна уште 20 минути. Оставете да се излади целосно, па потоа извадете го калапот. 

Можете да направите глазура од шеќер во прав и лимонов сок и да го премачкате колачот.