Лихвари давале заеми со високи камати на лица од социјално загрозени семејства

Полицајци од СВР Штип вчера ги лишиле од слобода Е.Ј.(39) и С.Ј.(45), од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело лихварство казниво по Кривичниот законик.

Лицата се осомничени дека давале пари на заем со писмени и усни договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати.

Кај нив биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело – пари, банкарски картички, лични документи на оштетени граѓани и две тетратки во кои биле евидентирани заеми дадени по енормно високи камати на лица од социјално загрозени семејства корисници на социјална помош и останати социјални додатоци.