Lifestyle телевизори - Дигитална поддршка која што ви е потребна за вашите модерни навики

Ултра модерни, максимално убави, со линии поставени на вистинското место – на прв поглед веројатно помисливте дека станува збор за некоја нова модна линија на облека, но не е така. Станува збор за новата линија Lifestyle телевизори на Samsung - Дигитална поддршка која што ви е потребна за вашите модерни навики. Впечатлив нов дизајн кој што во себе вклучува интелигентна QLED технологија со повеќе од милијарда нијанси на бои.

Седнете удобно и замислете дека пред вас имате телевизор на кој можете да ги гледате најубавите уметнички дела или пак фотографиите кои што ги правите секојдневно и во чие уредување и разубавување трошите многу време. Токму тој телевизор дава елеганција и карактер на просторот во дневната соба.  Да, тоа е реалност - неодамна Samsung ги претстави трите модели на телевизори дизајнирани за уникатниот стил во вашиот дом.  Станува збор за The Frame, The Serif и Тhe Sero.

Вашиот дом е одраз на тоа кој сте и на вашиот уникатен стил и Samsung ви помага да го замислите на свој единствен начин. Откако ќе ги доживеете сите можности со Samsung, ќе се вчудоневидите како прекрасниот дизајн на нашите телевизори ќе се вклопи убаво во вашиот дом.

The Framе: Телевизор кога е вклучен, уметност кога е исклучен

Љубители сте на телевизија и на уметност, а  моделот The Frame на Samsung е спој на двете работи. Спектакуларниот уред вистински го оплеменува просторот во вашата дневна соба давајќи чувство на забава и префинета уметност во домот. QLED технологија овозможува да ја искусите брилијантноста на живописните бои, водејќи сметка за секој детал.  Тој е телевизор кога е вклучен, а уметност кога е исклучен. Кога не гледате телевизија, екранот се претвора во црно платно на кое може да ги гледате вашите омилени уметнички дела.  

Телевизорот The Frame нуди избор на приспособливи рамки во разни бои. Вие имате можност да ја изберете совршената рамка според просторот, вкусот, или уметничките дела.

Монтирањето на телевизорот The Frame е брзо и едноставно, а можете и да го вртите странично, назад или напред за идеален поглед. Прекрасен е од секој агол, така што совршено се вклопува во вашиот простор.

Повеќе информации за овој модел на Samsung може да прочитате на официјална веб страна на следниот линк.

The Serif: Безусловно прекрасен

Дизајниран од познатите дизајнери браќата Bouroullec,  станува збор за модел на телевизор кој  е неверојатен и кој што го менува начинот на кој ги гледаме телевизорите, како ги користиме и како тие се вклопуваат во нашите животи. Самиот по себе The Serif остава силна порака. Неговата убавина се гледа во секој агол, а тој ќе се вклопи и ќе изгледа убаво во секој дел од домот.  Омилениот филм или пак некоја драма, ќе уживате во повеќе од милијарда бои.  Овој телевизор овозможува 100 % видливост на боите, истакнувајќи ги и најмалите детали во светли или темни сцени благодарение на технологијата Quantum Dot на Samsung.

Овој модел на телевизори доаѓа во три различни големини: 43 инчи, 49 инчи или пак 55 инчи, а секоја од нив може да ја најдете во две различни бои: облак и бела.

Ако имате истенчен вкус за дизајн, тогаш ова е вистинскиот телевизор за вас. Спој на преубава форма и практична функција.

Повеќе информации за овој модел на Samsung може да прочитате на официјална веб страна на следниот линк.  

The Sero: Мобилна забава уште подобра на телевизор

Доколку отсекогаш посакувате мобилниот екран да биде колку телевизор, тогаш ова е вистинскиот телевизор за вас. Овој модел на телевизори овозможува оптимизирано мобилно искуство. Ротирачкиот екран го прави посебен и интересен, а The Sero се движи за да одговара на содржината, хоризонтално за телевизија и филмови и вертикално за содржината и апликациите од мобилниот телефон. Тој секогаш ви го дава најдобриот агол за гледање—ротира вертикално за содржината и апликациите од мобилниот телефон и хоризонтално за филмови и телевизија.

Станува збор за модел кој најлесно се поврзува со вашиот Samsung паметен телефон, а со само еден допир на рамката. Тоа е сè што е потребно за содржината од мобилниот телефон да ја гледате на The Sero. Ако слушате музика или гледате видео на телефонот, со функцијата Tap View може да ги пуштите на The Sero само за неколку секунди.

Повеќе информации за овој модел на Samsung може да прочитате на официјална веб страна на следниот линк