Лидер, следбеник или сродна душа? Хороскопот открива какви сте во пријателствата

Каков пријател сте? Дали ги следите вашите пријатели или вие сте лидерот кој донесува одлуки? Сакате забави или повеќе тивко време со своите пријатели?

Хороскопот има одговор.

Овен – Иницијатори

Овните сакаат да пробуваат нови нешта и секогаш се чекор пред другите кога станува збор за новите места во градот. Тие се секогаш иницијатори за големи планови, расположени за забава па дури и кога на сите други им е здосадено и сакаат да си одат дома. Родени сте да бидете лидер и затоа се чувствувате пријататно кога ви е доверена одговорност. Сите ги сакаат Овните поради нивната бестрашност и самодоверба.

Бик – Упорни пријатели

Биковите никогаш не се откажуваат, а тој квалитет е одличен во пријателствата. Тие ги охрабруваат своите пријатели, им велат да ги следат своите соништа и да веруваат во себе. Таквата упорност ги прави сјајни пријатели и затоа се ценети во своето друштво. Исто така, иако Биковите не сакаат промени за себе, сепак ги тераат другите да направат промени кога се незадоволни. Трпеливи се, но сакаат да ги поттикнат другите да бидат среќни.

Близнаци – Секогаш најдобри

Благодарение на вродениот шарм и елоквентност, Близнаците многу лесно стекнуваат пријатели. Луѓето се чувствуваат добро во нивно друштво и не можат да дочекаат да ги видат повторно. Тие се тип на личност која има многу пријатели, но имаат и свој круг во кој се оние вистинските. Близнаците сакаат да ги слушаат туѓите проблеми и не им е проблем да им помогнат на своите пријатели во секој дел од денот.

Рак – Родители

Раковите се топли личности со развиена емпатија и со своите пријатели се однесуваат како пријатлеи. Од друга страна, тие воопшто не шефуваат, туку се идеални пријатели кои се многу грижливи. Лесно им покажувате на пријателите колку ви се важни. Особено ги цените долгите пријателства бидејќи во нив имате вложено многу љубов и енергија, а имате и спомени кои ги цените. По природа сте потивки и не се расправате често со своите пријатели.

Лав – Најзабавниот пријател

Вие сте животот на секоја забава. Со вас никогаш не е досадно. Ви одговара да сте центар на внимание, но спротивно на мислењето на другите, вие тоа внимание со задоволство би го поделиле со пријателите, бидејќи сметате дека секоја забава е добра ако тие се со вас. Популарни сте и почитувани, а покрај тоа сте и моќен лидер на кој пријателите се потпираат кога им е потребен совет или помош. Исто така, сте нивна голема поддршка кога треба да ги остварат своите цели.

Девица – Совршени пријатели

Вашиот перфекционизам се пренесува и на пријателските односи. Едноставно имате потреба да се потрудите за своите пријатели и не сакате да ги занемарувате. Секогаш се трудите да им помогнете на сите можни начини и да бидете со нив кога ќе ви се потребни. Тоа е огромен квалитет кој вие го сподеувате. Тие знаат дека можат да се потпрат на вас и среќни се што имаат таков пријател.

Вага – Друштвeни пријатели

 Секогаш сте отворени за нови пријателства и обожавате да запознавате нови луѓе. Друштвени сте и не ви е проблем да воспоставите комуникација со непознати луѓе и да склопите нови пријателства. Способни сте да започнете разговор со било која личност која ќе ја сретнете. Вие сте личност која е свесна дека живееме еден живот и сакате тоа да го искористите максимално. Не сакате да бидете само пасивен набљудувач.

Шкорпија – Пријатели засекогаш

Вашата предаденост кон најдобрите пријатели е навистина ретка и нескршлива. Заштитнички сте настроени и не дозволувате никој да ги повреди вашите пријатели, а ако некој го направи тоа, вие ќе ја отпишете таа личност. За вас, пријателите се семејство. Знаете да чувате тајни, па вашите пријатели секогаш ви се обраќаат кога треба да се доверат некому.

Стрелец – вечен оптимист

Секогаш ќе измамите насмевка на лицето на своите пријатели. Знаете како да ги расположите и да им го поправите и најцрниот ден. Вие сте вечен оптимист и давате се од себе за и другите да имаат таков начин на размислување. Вистински сонувач сте и верувате дека се е можно. Така и ги охрабрувате вашите пријатели да размислуваат.

Сакате да ризикувате, но тоа никој не го осудува бидејќи вие навистина сакате да успеете и другите околу вас да успеат. Вие сте вистинска инспирација за своите пријатели.

Јарец – Пријатели шефови

Сите личности родени во овој знак имаат силен ум и предиспозиции да бидат лидери. Затоа и немаат проблеми со преземање иницијатива и во секое друштво се познати како шефови. Тоа не значи дека се наметнувате, туку сите имаат некаква доверба во вас и ве сфаќаат сериозно.

Секогаш сте тука за своите пријатели и никогаш нема да ги изневерите кога им е потребна помош.

Водолија – Револуционери

Вие сте личност која ќе ги натера своите пријатели да излезат од зоната на комфорот и да бидат тоа што се. Ги цените сите луѓе, а најдраги ви се оние кои се слободоумни и кои не се плашат да го изразат своето мислење и да покажат бунт. По природа сте поинакви од другите и ве привлекува нешто што не е стандардно и вообичаено.

Водолиите се храбри бунтовници со причина, кои не се плашат да заземат став за своите пријатели.

Риби – Сродни души

Рибите се емотивни личности и во секој однос вложуваат 100%, па така и во пријателствата. Толку добро ги познавате своите пријатели, па понекогаш им изгледа како да можете да им ги прочитате мислите.

Вие сте личност што точно знае како пријателите ќе реагираат во одедена ситуација. Ќе ги прашате дали се сигурни во одлуката која ја носат и ќе им даде искрен совет. Имате развиена емпатија и секогаш сакате да им помогнете на луѓето околу вас кои имаат проблеми.